Како стадионите за СП во Катар ќе се штитат од напади со дронови?

Катарското Министерство за внатрешни работи и Комитетот за безбедност како дел од организацијата на Светското првенство во 2022 година ја избраа американската компанија Fortem Technologies за снабдувач на дронови за заштита на стадионите од потенцијални напади со беспилотни летала.

Fortem Technologies ќе ја користи својата технологија за да го заштити небото над стадионот, за потенцијалните напаѓачи да не прават проблеми со своите дронови.

Беспилотните летала развиени од оваа американска компанија се наречени DroneHunter. Овие летала се пресретнувачи управувани од радар и се целосно автономни во нивната работа, што значи дека немаат потреба од човечки надзор. По инсталирањето на радарот SkyDome, кој го скенира небото за натрапници, беспилотните летала се поставуваат во близина на објектите кои треба да се заштитат - доколку е потребно, тие можат да полетаат, да ги пресретнат несаканите дронови и да ги отстранат од небото со специјални мрежи.

Ако се прашувате зошто се користи пресретнување, а не попречување на RF сигнали - од компанијата велат дека попречувањето е интересна технологија која може да се користи за да се спречи 12-годишник да пука огномет со својот дрон, но за да се спречат посериозни закани, како што е тероризмот, неопходни се помоќни системи. Напредните напаѓачи не ги контролираат своите беспилотни летала од далечина, туку ги програмираат однапред, па употребата на сила е единствениот начин да се запрат таквите летала.

DroneHunter е дизајниран да биде брз и агилен, со забрзување од 0 до 100 км/час за помалку од секунда и високи максимални брзини. Кога ќе открие непријателско летало, го снима со радар и камера и ги испраќа овие податоци до автоматизираниот контролен центар. Таму системот ги анализира и избира едно од 68-те сценарија за соборување, во зависност од видот, големината и брзината на заканата. Дронот потоа го пресретнува леталото и испукува специјална мрежа кон него.

URL

Ако целта е помала и побавна, DroneHunter зазема позиција од која може да ја фати во својата мрежа и да ја однесе до базата. Во случај на поголеми и побрзи дронови, мрежата се гаѓа кон нив од безбедно растојание, а неговата задача е само да се заплетка околу дронот и на тој начин да го собори. И во тој случај, слетувањето се врши меко, со помош на падобран.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Вести

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more
 

Гик

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе