Генерацијата која израсна гледајќи класични цртани филмови како оние од продукцијата на Warner Bros. испадна со културно писмени луѓе, пишува авторката Ени Холмквист за Intellectual Take Out.
Овие цртани филмови за децата беа повеќе од обична забава, ги запознаа со клучни референци од општа култура, особено во областите на музиката и на книжевноста. Почнувајќи од Душко Долгоушко, децата можеа да дознаат за приказната за Џекил и Хајд од книгата на Роберт Луис Стивенсон, да слушнат и видат сцени од драмите на Вилијам Шекспир, да слушнат класична музика користена како подлога за анимиран филм.
Секојдневното слушање на рапсодиите на Франц Лист и валцерите на Фредерик Шопен засекогаш ќе останат врежани мелодии во детските мозоци.
Цртаните преполни со цитати од класичната уметности им дадоа на децата подлога за подоцна полесно да ги разберат музиката и книжевноста, дури и кога таа основа децата не би ја добиле во училиште, смета авторката.
Денес, наспроти тоа, цртаните филмови не ги насочуваат децата кон откривање на културното богатство на претходните генерации туку исклучиво се свртени кон фантазијата или сегашноста.
„Ниту училиштата, ниту цртаните денес не го предаваат факелот на знаењето и културната писменост. Дали е тоа една од причините за апатијата и површноста на современите генерации?“, прашува авторката.