Здравје

Како треба да се менува исхраната со годините?

22. март 2019 - 16:30 | Б.С.Б.

Во одредени години потребно е да се појача внесувањето на калциум поради коските, но има и други работи што треба да ги направите за да останете силни и здрави и во годините кои се пред вас.

Човекот не може да направи ништо против стареењето, но може многу да направи кога станува збор за исхраната. Ние не сме истиот човек во 20-тите, 30-тите, 50-тите години од животот. Стекнуваме искуство, старееме, созреваме, стануваме помудри, телото се менува и сакаме да останеме здрави и во добра форма. Покрај вежбањето, важен е и начинот на исхрана, кој треба да се промени со текот на годините. Тоа е така бидејќи организмот има различни потреби во секое животно доба.

1. Внесувајте повеќе протеини

Во 30-тите години почнуваме да ја губиме мускулната маса, но истражувањата покажуваат дека ако малку повеќе внесуваме протеини, тоа може да се спречи. До 65 година потребни се 0,8 г протеини по килограм од телесната тежина, а после 65 година од 1 до 1,2 грама.

Одличен извор на протеини се месо, риба, јајца, јаткасти плодови, мешунки, печурки.

2. Намалете со калориите

Како што минуваат годините се намалува мускулната маса, а тоа значи тека метаболизмот станува побавен. Затоа е покорисно да ги адаптирате калориите, а тоа не значи да се изгладнувате туку да водите повеќе сметка. Јадете салати наместо помфрит, немојте да јадете сендвич со две парчиња леб и слично.

3. Додатете витамин Б12

Како што минуваат годините на организмот му  е потешко да апсорбира одредени хранливи состојки, а меѓу нив е и витаминот Б 12. Овој витамин е важен за правилно функционирање на нервниот систем, метаболизмот на клетките и создавањето на црвени крвни зрнца.

Добар извор на витамин Б12 има во месото, рибата, јајцата и млечните производи.

4. Калциум и витамин Д

Калциумот и витаминот Д се неопходни за здрави и силни коски и доколку ги внесувате доволно во организмот се намалува ризикот од остеопороза и кршење на коските. Жените помлади од 50 години треба да внесуваат 1.000 милиграми калциум и 600 микограми витамин Д дневно. По 50 роденден дневното внесување би требало да биде 1.200 милиграми. За да имате силни и здрави коски внесувајте доволно млечни производи и мрсни риби како лосос и туна.

Намирници богати со витамин Д: говедски и телешки џигер, жолчка, риба од конзерва, печурка шитаке, полномасно млеко, јогурт, бадемово млеко, док од портокал.

5. Пијте доволно вода

Многу е важно да внесувате доволно течности бидејќи ако организмот е дехидриран не функционира како што треба. Немојте да чекате да почувствувате жед, секогаш при рака имајте на располагање шише со вода.

Коментирај