Како убива ЦИА – Туморот омилен метод на ликвидација

Американската Централна информативна агенција (ЦИА) од основањето во средината на минатиот век па досега, има убиено низа странски политичари и јавни личности, а најчесто користен метод е заболувањето со тумори.

Овие тврдења ги објавија истражувачки новинари и поранешни припадници на разузнавачката агенција.

Истражувачките новинари како Патрик Баба тврдат дека ЦИА е одговорна за смртта на шведскиот премиер Улоф Палме кој беше застрелан среде бел ден и неговиот атентат до денес е предмет на разни теории.

Се тврди дека има извештај на соработници од Штабот за планирање тајни операции „Гладио“ и дека оваа ликвидација била извршена во соработка на ЦИА со британската МИ-6.

Причината е фактот дека Палме се обидувал да се доближи до СССР за да договори отстранување на нуклеарното оружје од Европа, но НАТО тоа не можел да го прифати.

ЦИА исто така се поврзува со смртта на претседателот на германската покраина Шлезвиг-Холштајн, Уве Баршел, како и поранешниот директор на ЦИА, Вилијам Колби.

ЦИА, според овие извори, го убила и венецуелскиот претседател Хуго Чавез. Она што е особено интересно е начинот на елиминација, тврдат критичарите на начинот на кој работи Агенцијата.

Тие нагласуваат дека ЦИА „обожава да применува убиства со тумор“, односно намерно да заболува луѓе со рак од кој тие набрзо потоа умираат.

Како пример за вакви ликвидации, покрај Чавез, се наведува познатиот музичар Боб Марли кој од агент на ЦИА добил на подарок патики во кои била скриена инјекција со вирус што предизвикува карцином.

Тој поранешен агент на ЦИА, пренесуваат новинарите, без каење опишувал како Марли вреснал од болка кога инјекцијата му се вбризгала во петата, без никаков сомнеж за тоа што се случува.

Сите знаеле дека Марли нема да отиде на лекар поради неговите верски убедувања. Тој го навлекол гневот на ЦИА бидејќи не сакал политички да се ангажира на Јамајка, каде можел да помогне во остварувањето на некои интереси.

ЦИА се обвинува и за убиство на Че Гевара во Боливија, како и на Моамер Гадафи и Садам Хусеин, а како најсомнителна се спомнува смртта на Јасер Арафат.

Како пионер на ЦИА во планирањето ликвидации со вметнување тумор во организмот на жртвата-мета се спомнува американскиот лекар Корнелиус Ровадес од Институтот за медицински истражувања „Рокфелер“ во Њујорк.

Ровадес ја почнал „кариерата“ во Порторико, каде бил пионер во областа на „нови начини на убивање луѓе“. Почнал со „подметнување“ вируси.

На списокот познати личности кои биле на црниот список на ЦИА е и Патрис Лумумба, поранешен претседател на Конго.

Агенцијата наводно стои зад организацијата и изведувањето на киднапирањето и убиството на италијанскиот премиер Алдо Моро.

И Николај Чаушеску, собрениот лидер на Романија, припаѓа во тој круг на жртви.

Венецуелскиот писател Луис Брито Гарсија своевремено кажал дека имало повеќе од 900 обиди да се убие поранешниот кубански лидер Фидел Кастро. Кастро почина од редок случај на тумор на цревата.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе