Како вработува газдата на Alibaba: Нема најдобри и не ангажирајте експерти

Развојот на компанијата подразбира и ангажирање на вистинските вработени. Тоа најдобро го знае еден од најуспешните луѓе на светот, сопственикот на Alibaba Џек Ма кој признава дека му требало време додека ја совладал вештината на вработување на вистинските луѓе.

Во неговото обраќање на конференција минатата недела, Ма се присети на грешките што ги направил во раните денови на Alibaba.

„Пред да ги подигнам првите средства, а тоа беа 5 милиони долари, ангажирав многу потпретседатели на мултинационални компании. Еден од маркетинг менаџерите дојде и ми рече: „Господине, ова е нашиот бизнис план за наредната година“, рече Ма.

Се покажа дека планот е направен да чини 12 милиони долари, а бидејќи јас не можев да си дозволам таков план, прашав што понатаму и тој ми призна дека никогаш дотогаш не работел на бизнис план под 10 милиони долари.

„Си реков, во ред, ова е моја грешка, не негова“, признава и денес Ма кој нагласи дека е многу важно да ангажирате луѓе соодветни на размерот на проектот, не само соодветни по образование и искуство.

Оттогаш, Alibaba прерасна во гигант за е-трговија со повеќе од 80.000 вработени ширум светот и е еден од најатрактивните работодавачи во Кина, според рангирањето на консултантската компанија Universum.

„Одбегнувајте ги луѓето кои се ‘најдобри’ и ‘експерти’“, советува тој.

„Не сакам да вработувам луѓе кои доаѓаат како експерти бидејќи нема експерт за иднината, тука секогаш се работи за експерти за до вчера“, вели Ма.

„Нема најдобри луѓе. Најдобрите луѓе веќе се во вашата компанија, вие треба да ги направите најдобри“, порачува тој.

Почнете од тоа што ќе најдете луѓе кои се подготвени да учат и кои не се плашат да прават грешки.

Ма исто така стави акцент и на оптимизмот. Тој рече дека таа особина му помогнала да го изгради гигантот Alibaba каков што е денес.

„Како бизнисмен, ако не сте оптимист, тогаш сте во неволја“, рече тој.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе