Фит

Како засекогаш да се решите од масните наслаги на стомакот?

3. август 2019 - 15:07 | А.С.

Лошиот начин на исхрана и нередовната физичка активост се двете главни причини за дебелеење.

Истото важи и за акумулирањето масни наслаги на стомакот и половината, иако тука како фактори се наведуваат и седечката работа и високото ниво на стрес и анксиозност.

Акумулирањето на поткожно масно ткиво во пределот на стомакот покрај тоа што може да ви пречи естетски, исто така е штетно за здравјето и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес и одредени видови рак.

Зошто стресот дебелее?

Што да направите за да го намалите нивото на стрес? Прв чекор е да одбегнувате нептребно стресни ситуации и да научите како да се релаксирате. Хормонот на стрес, кортизол, придонесува масните наслаги да се акумулираат околу стомакот, па добар избор за релаксација е да медитирате или да правите вежби за дишење.

Процес на слабеење

Доктор Ентони Балдузи подготви две видеа, наменети посебно за мажи и за жени, со совети како засекогаш да се решите од масните наслаги на стомакот и да продолжите со здрав и активен живот.

Според него, најважно во почетокот на процесот на слабеење е да се ослободите од надуеноста. Тоа значи дека треба да исфрлите секаков вид на преработена храна од вашето мени.

Долгорочното решение за масните наслаги е солиден план на исхрана во кој ќе постигнете „дефицит на калории“, односно ќе почнете да трошите повеќе калории отколку што внесувате. Потоа следи солидниот план за вежбање.

Кога го составувате вашиот индивидуален план на исхрана и вежбање, имајте на ум дека тоа ќе биде вашиот долгорочен план, односно нема да се ставате на брза диета што не е одржлива на подолго време и има повеќе негативни отколку позитивни ефекти.

Коментирај