Како звучи да се биде на Марс?
Ако сакате да дознаете како приближно звучи да сте на Марс тогаш треба да го погледнете ова интересно видео од Cody’s Lab.
Коди става камера во вакуум комора и потоа го намалува притисокот за да имитира состојба слична како што е на Марс. Во комората нема воздух што значи дека не може да се направат звуци, пишува Gizmodo.
Крајниот заклучок е дека вселената е премногу тивка.