Какви автомобили најчесто возат дрските и опасни возачи?

Сигурно не сакате да бидете ваков статистички податок, но и за тоа некој води сметка.

Без разлика дали сте возач или патник, сигурно сте забележале дрски, па и опасни возачи во сообраќај кои со нивните постапки и сообраќајна некултура го загрозуваат својот живот, но и на сите околу нив.

Дали некогаш сте се прашале дали има поврзаност меѓу моделот на автомобилот и сообраќајните навики на возачот кој го избрал тој автомобил?

Американскиот портал Motor1 се зафати со истражување токму на оваа тема, па во соработка со една осигурителна компанија направи анализа чии резултатите се навистина интересни.

Во анализата се опфатени моделите на автомобили кои најчесто учествувале во сообраќајки, како причинители на незгодата поради опасно возење.

Во својата база на податоци осигурителната компанија има речиси два милиони барања за отштета по сообраќајни незгоди. Анализата на овие податоци покажа дека на секои 10.000 сообраќајки има 15 во кои причината е дрско и опасно возење.

Издвоени се моделите на автомобили со „најдебело досие“, односно кои најчесто биле дел од ваков тип на сообраќајки.

Mazda MX-5 Miata

На секои 10.000 сообраќајки што биле последица на опасно возење, овој модел на автомобил учествувал во 73 несреќи.

Овој модел е познат и омилен во САД за аматерски и улични трки, кои се забранети. Според податоците на осигурителната компанија, овој модел е убедливо најчест избор на возачите кои сакаат да возат опасно.

Hyundai Genesis Coupe

Овој азиски модел е на високата втора позиција на листата со учество во 67 од 10.000 сообраќајки предизвикани од опасно возење.

Статистиката покажува дека сопствениците на ова купе се четврти најголеми љубители на пребрзо возење и се на 18-то место кога станува збор за возење под дејство на алкохол во САД.

Isuzu Rodeo

Возачите на овој модел во САД се виновни за 62 од 10.000 сообраќајни несреќи како резултат на дрско и опасно управување со возилото.

Порталот Motor1 нагласува дека високиот пласман на овој модел е големо изненадување, со оглед на тоа дека не е многу чест на американските патишта.

На непопуларната листа се најдоа и Nissan 370Z, Chevrolet K1500, Cadillac ATS и Volkswagen CC како автомобили кои често ги бираат дрските и опасни возачи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе