Камерон заминува од функцијата, Тереза Меј е новиот британски премиер

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ја напушта функцијата, а на негово место ќе дојде досегашната министерка за внатрешни работи Тереза Меј, пренесува AFP.

Камерон денеска ќе ја одржи својата последна седница во британскиот Парламент, на која ќе одговара на пратенички прашања, а потоа својата оставка ќе и ја предаде на кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата.

Кралицата потоа ќе ја повика Тереза Меј да формира влада, а набрзо после ова се очекува новоименуваниот британски премиер да се обрати до јавноста, од својата нова резиденција во Даунинг стрит број 10.

Лидерите на Европската унија побарале од владата во Лондон брзо да ги започне преговорите за новите односи со ЕУ, но Меј укажала дека нема да брза за да ја започне официјалната процедура за излегувањето од 28-члениот блок.

Наследничката на Камерон, 59-годишната Меј ќе стане втора жена премиер на Велика Британија, по легендарната Маргарет Тачер, така што ќе мора да се обиде да ги преброди поделбите во владејачката Конзервативна партија и да се соочи со можната економска криза.

Помеѓу другите големи задачи со кои ќе се соочи Тереза Меј се обидите да ја спречи проевропски настроената Шкотска да одржи нов референдум за независност, така што на тој начин би можела да остане во ЕУ, како и создавањето на нови трговски и дипломатски врски потребни за периодот после Brexit.

Меј за време на кампањата во пресрет на референдумот за членството во ЕУ поддржуваше останување во Унијата, заедно со Камерон, а сега ќе мора да ги убеди поддржувачите на Brexit дека ќе го реализира исходот од референдумот и дека како што беше ветено, Британија ќе излезе од Унијата.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе