Свет

Кање Вест: Поради Трамп се чувствувам како Супермен

12. октомври 2018 - 9:48 | М.Д.

Славниот рапер Кање Вест го посети претседателот на САД, Доналд Трамп, за кого одамна истакна дека го поддржува во целост, пишува BBC.

„Носењето на капата „Make America great again“ направи да се чувствувам како Супермен“, рече познатиот рапер.

Во својот 10-минутен монолог Кање зборуваше за многу работи, од затворски реформи, производство, политика, па до вселената.

Покрај тоа, Вест со Доналд Трамп зборуваше и за своето биполарно нарушување.

Откако раперот заврши со својот говор, тој истакна дека го сака претседателот Трамп.

„Овој мој говор произлезе длабоко од мојата душа. Навистина го сакам овој човек“, рече искрено Кање.

Потоа му се доближи на Трамп и го прегрна.

„Тоа е навистина преубаво“, рече претседателот.

За време на состанокот, новинарите го прашаа Трамп што мисли за потенцијалната кандидатура на Вест за претседател на САД.

„Да, тој би можел да биде претседател“, рече Трамп.

Коментирај