Капело: Зидан си замина, за да не биде отпуштен од Перез

Мадрид, 31 мај 2018 (МИА) - Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело смета дека Зинедин Зидан сакал сам да одлучи за својата иднина, а не да чека да биде отпуштен од „кралскиот“ клуб.

Четириесет и петгодишниот Французин поднесе оставка од функцијата тренер на „Сантијаго Бернабеу“.

- Велите дека Зидан ја објавил разделбата со Реал? Тој сакаше сам да одлучи, за да не дозволи некој друг пред нехо да ја донесе оваа одлука. Ако тимот од Мадрид го изгубеше финалето, тогаш Флорентино Перез ќе го отпуштеше, претпоставува Капело.

Зинедин Зидан пристигна во Реал како привремена варијанта во 2016 година и го водеше тимот до сега. Во овој период, тој ја освои три пати Лигата на шампионите и еднаш титулата во Примера дивизион. Капело беше на чело на тимот во два периоди со разлика од 10 години. Првиот период беше од 1996 до 1997 година, а потоа се врати 2006 и 2007. Капело освои две шпански титули.

- Во моментов Перез сака да биде нешто како тренер на тимот. Ако победуваш, тој е среќен. Ако не освоиш трофеј, некој мора да биде виновен. Јас бев отпуштен по апсолутно истото сценарио. Не мислам дека Зизу имал предлози од други тимови, бидејќи едвај има такви кои би претпоставиле дека ќе биде слободен денови по триумфот. Според мене, Зидан поднесе оставка, за да му покаже на Перез дека самиот тој ги носи одлуките, вели легендарниот Италијанец.

Запрашан кој би го посочил за наследник на Зидан, Капело оцени дека „добра привремена опција би бил Гути“. - Ако не е тој, најдобро е да го земат Антонио Конте или Маурицио Сари, смета Капело.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе