Кардиф упорно се жали, одбива да плати за трансферот на Сала

Кардиф е одлучен во намерата да не му плати на Нант за трансферот на фудбалерот Емилијано Сала кој почина пред да заигра за клубот.

Според договорот меѓу двата клуба, трансферот изнесуваше 17 милиони евра, но Кардиф одби да ги плати овие пари, затоа што во моментот на смртта на Сала сè уште не стана нивен играч.

Челниците на велшкиот клуб упатија официјална жалба до Суд за спортска арбитража (CAS) во која наведуваат дека не се должни да платат за трансферот.

„CAS ја прими жалбата на Кардиф во која се бара поништување на одлуката на ФИФА од 30 октомври, 2019 година. Согласно таа одлука, Кардиф мора да му ја плати на Нант првата рата од трансферот за Емилијано Сала во висина од 6 милиони евра. Жалбата е примена, а постапката е отворена. Засегнатите страи ќе бидат повикани да сведочат напролет во 2020 година, а одлуката ќе биде донесена налето“, стои во соопштението од CAS.

Аргентинецот Сала (28) загина на 21 јануари годинава, откако авионот со кој леташе од средбата со соиграчите во неговиот поранешен клуб Нант кон Кардиф, се сруши во Ла Манш.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе