Kaspersky Free достапен и во Македонија!

Kaspersky Lab има фантастична вест за ваша заштита: глобално се лансираше Kaspersky Free, софтвер кој е ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТЕН! Софтверот е достапен и за македонскиот пазар како персонална лиценца. Тоа е подарок од Kaspersky Lab за неговиот јубилеј, 20-от роденден на компанијата.

Компанијата работеше на ова издание долг период, со пилот верзии во неколку региони, истражувања, анализи, измени и од сето тоа произлезе следното:

На бесплатниот антивирус не му е цел да се натпреварува со платените персонални верзии. Во платените верзии има многу дополнителни функции, како што се: Родителска контрола, Заштита за време на онлајн купување или пак за време на електронско банкарство и VPN, кои лесно ја оправдуваат цената за премиум заштита (споредба на производи).

Постојат голем број на корисници кои немаат финансиска моќ за трошење на премиум заштита, затоа тие инсталираат традиционални бесплатни “кракови” од лиценци (кои имаат повеќе дупки, безбедносни пропусти од “швајцарско сирење”).

Зголемувањето на бројот на инсталации на Kaspersky Free позитивно ќе влијае на квалитетот на заштитата на сите корисници, бидејќи големите бази на податоци ќе имаат повеќе броеви со кои ќе биде подобрено истражувањето на безбедносните ризици на Kaspersky Lab.

Минатата година производот имаше успешно лансирање во регионот Русија-Украина-Белорусија, во Кина, а исто така и во нордиските земји (Данска, Норвешка, Шведска и Финска). Со скоро нула промотивна активност Kaspersky Free беше инсталиран неколку милиони пати, значително унапредувајќи го глобалниот удел на пазарот на Kaspersky Lab.

Меѓутоа зголемувањето на уделот на пазарот не е цел на Kaspersky lab, туку подигање на целокупното ниво на заштита на Интернет. Kaspersky lab им “благодари” на сите корисници на Kaspersky Free затоа што директно помагаат да се спаси светот од сајбер заканите!

На 25 јули - за 20-от роденден на Kaspersky lab, Kaspersky Free беше официјално лансиран на пазарот! Kaspersky Free ќе биде достапен глобално, низ целиот свет во период од четири месеци по различни региони. Во првиот бран е и Македонија заедно со САД, Канада и многу други земји од Азија. Септември: Индија, Хонг Конг, Среден Исток, Африка, Турција и Латинска Америка. Октомври: Европа, Јапонија и Јужна Кореја. Ноември: Виетнам и Тајланд. И со тоа, ќе биде покриена целата планета.

Накратко за Kaspersky Free ...

Kaspersky Free е верзија со сите основи карактеристики на заштита на: датотека, е-пошта и веб-антивирус, автоматско ажурирање, самоодбрана, карантин и така натаму. Овој арсенал обезбедува удобно и безбедно веб-сурфање, работа со USB-стикови и други преносливи медиуми за чување, како и заштита од фишинг и заразени датотеки. На кратко, неопходна заштита без која никој на планетата не смее да биде.

Kaspersky Free има помали системски побарувања од премиум верзиите, кои сите знаеме завршуваат со најдобри резултати во независните тестирања. Ова значи дека, Kaspersky Free иако ги има само основните карактеристики, има силен “удар” со кој Kaspersky lab e горд. Производот нуди  заштита без компромис, открива било кој сајбер-напад без оглед на неговото потекло или намера. Во исто време Kaspersky Free не ги содржи сите вообичаени карактеристики како што се рекламирање-ориентирана корисничка навика за следење и нарушување на доверливоста – работи од кои бесплатниот антивирус најчесто страда, со цел да го направи финансиски вреден за своите производители.

Kaspersky Free може да се инсталира преку следниот линк (https://www.kaspersky.com/free-antivirus), а одговорите на најчестите прашања поврзани со Kaspersky Free може да ги најдете на следниот линк.

Oвластен дистрибутер на Kaspersky за Македонија е Кабтел, 02/310 32 35.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе