Барселона вчера беше преплавена од луѓе кои протестираа на Денот на Каталонија барајќи крај на шпанската окупација и прогласување на долгоочекуваната независност.
Илјадници Каталонци вчера традиционално го одбележаа Денот на Каталонија на кој со години истакнуваат пораки за независност на нивната окупирана земја.
Токму 11 септември е прогласен за национален ден бидејќи на тој ден во 1714 година Барселона паднала во шпански раце и со тоа бил означен крај на каталонската власт. По 14-месечна опсада шпанскиот крал Филип V со својата војска влегол во градот. Оттогаш па до ден денес Каталонците се под шпанска окупација.
Првата прослава се случила на 11 септември 1886 година, а често празникот бил забрануван од шпанските власти. Диктаторот Примо де Ривера прв ја забранил прославата во 1931, а потоа истото го продолжил генералот Франсиско Франко. Конечно, Каталонците повторно излегле на улиците во 1976 година.
Во 2017 година Каталонија одржа референдум за независност на кој 92,01% од гласачите го подржаа, но никој во светот не го призна, за разлика од на пример оној на Косово.