Катица Јанева на распит за „Рекет“ во ОЈО

Скопје, 20 август 2019 (МИА) – Откако jавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани, денеска на разговор со обвинителката Вилма Русковска, која го води предметот, се очекува специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева.

Таа ќе треба да даде одговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот „Рекет“, во кој засега за рекетирање на бизнисмени се обвинети Бојан Јовановски и Зоран Милески.

И додека некои се на мислење дека Јанева требаше веднаш да биде суспендирана по отворањето на „Рекет“, таа минатата недела се врати од годишен одмор и од 12 август е на работа.

-Обвинителството заради доверливоста на постапката, не соопштува однапред кои дејствија и кога ќе бидат преземени. Обвинителството уште при отворањето на истрагата има планирано дејствија како ќе се води постапката и согласно тоа ќе се води постапката, изјави Јовески за МИА ден откако на 8 август онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ објави видео-снимка во врска со случајот „Рекет“.

Видеото е од средба на осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Кичеец) со бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев, а било снимено во февруари годинава. На снимката се гледаат спакувани евра со рачно испишани спецификации на листови хартија, а како што наведува весникот, се слуша и разговор на Јовановски и Камчев за предмет на СЈО во кој ја спомнуваат и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Специјалната обвинителка со реакција дека во интерес на предистрагите и истрагите кои се водат во СЈО повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници. Во тој период водела разговор и со Камчев за да стане соработник – сведок во нова предистрага.

Последен за „Рекет“ од обвинителите беше сослушан Бурим Рустеми, кој во изјава за медиумите минатата недела рече дека меѓу другото Русковска го прашувала за поврзаноста на овој случај со истрагата за Поштенска Банка која тој ја води.

-Сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави Рустеми по неговото двочасовно сведочење.

Рустеми е трет обвинител од СЈО, што беше сослушан за случајот „Рекет“, откако од почетокот на минатата недела беа сослушани неговите колешки Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова.

– Дадов изјава во својство на сведок во случајот „Рекет“ во врска со прашања поврзани со истрагата „Поштенска банка“, која истрага јас ја водам во СЈО. Одговорив на сите прашања за кои што се интересираше обвинителката, ги дадов сите информации. Ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот „Поштенска банка“, изјави Рустеми и рече дека тој не добила никакви притисоци и закани од Јанева.

Oбвинителката Стефанова, која е надлежна за предметот „Империја“ пет часа беше во Обвинителството, каде како што рече споделила се што и е познато за случаите „Империја“ и „Рекет“.

– Свесна сум за интересот на јавноста за истрагата за „Рекет“ и за сите допирни точки со истрагата за „Империја“ каде јас сум предметен јавен обвинител, а сведок од истрагата „Рекет“ е првооомничен во истрaгата Империја“. Се што можев да споделам со јавноста јас го споделив во даденото соопштение  во петокот. Дојдов овде во својство на сведок. Околу пет часа давав исказ како сведок и се што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да кажам нешто друго од она што веќе го имам споделено, изјави Стефанова на излегување од Обвинителството.

Таа искажа подготвеност да соработува со Обвинителствово за организиран криминал за комплетно да се расчисти целиот случај „Рекет“.

Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлука била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор.

А Фатиме Фетаи, пред вчерашниот почеток на судењето за предметот „Титаник 3“, одби да го коментира случајот „Рекет“.

– Не би можела да коментирам за тоа. Постапката „Рекет“ ја води друго Обвинителство кое што е надлежно. За тоа навистина не сакам во ниту еден момент да се мешам, нагласи Фетаи и додаде дека секој предмет на кој таа работела е чист.

Нагласи дека најважно е тоа дека СЈО продолжува со својата работа. – Ете денеска имаме судење за предметот „Титаник 3“ кое е пред завршна фаза. Ние си продолжуваме со работа, потенцира Фетаи.

Второосмничениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец вчера беше донесен на распит во Обвинителството за организиран криминал, а вчера во ЈО за случајот беше сослушана и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Во меѓувреме неделава власта и опозицијата требаше да ги продолжат преговорите за законот за јавно обвинителство, во кој се решава и статусот на СЈО, кој претседателот на Собранието Талат Џафери го стави на седницата следниот вторник.

Сепак, иако се очекуваше работните групи на двете партии да преговараат од почетокот на оваа недела, вчера тоа не се случи, а последната нивна средба се одржа во јули и оттогаш позициите на двете страни се непроменети.

Власта, како што повеќе пати потенцира е подготвена да одговори на одредени барања на опозицијата, но сепак црвената линија е бескомпромисната борба против криминалот. Опозицијата на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од Русковска.

Препрека се и истрагите, отворени по 30 јуни 2017. Опозицијата предлага нив да ги преземе државниот обвинител , а власта смета дека обвинителите од СЈО треба да продолжат да работат на предметите.

Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, по враќањето на пратениците од колективниот одмор. За законот е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.

Меѓународната заедница е едногласна во барањето до властите во Северна Македонија во врска со случајот „Рекет“ да покажат на дело дека во земјата има владеење на правото и дека правната држава функционира, а законот за обвинителството е исклучително важен за одлуката за доделување датум за преговори за членство во ЕУ, што се очекува да биде даден во октомври.

Почетокот на преговорите со Унијата, но и официјалното членство во НАТО и економскиот фактор се причините поради кои власта не сака да оди на предвремени избори, на кои опозицијата инстирира и како што најави ќе го зголеми притисокот врз Владата оваа есен. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more
 

Вести

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе