Кичеец призна вина за „Рекет“, пресудата утре напладне

Во издвоената постапка за предметот „Рекет“ која се води против Зоран Милески – Кичеец, кој денеска призна вина пред Судот, во продолжение на рочиштето адвокатот на обвинетиот Александар Новаковски достави дополнителни докази што Судечкиот совет ги прифати и предложи двете страни да ги изнесат завршните зборови.

Обвинителката Вилма Русковска наведе дека очекува Судот да му изрече казна на обвинетиот поради неговото признание.

-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината, предлагам Судот да му изрече казна, рече Русковска.

Бранителот на Зоран Милески Кичеец, адвокат Александар Новаковски, рече дека обвинетиот од самиот почеток на процесот, имал шанса како сведок да го избегне обвинението, но тој од незнаење се довел во ситуација да биде обвинет.

– Од тој момент, тој се соочува со јавен линч. Тој е вработен во фирма на тој што го пријавил ова дело. Откако се донесе одлуката од Обвинителството тој одлучи да учествува и да го кажа сето тоа што го знае, изјави Новаковски.
 
Побара Судот да има предвид дека случајот е медиумски покриен до тој степен што човек како Зоран Милески не може да издржи. Новаковски кажа дека Кичеец никогаш не бил експонирана јавна личност и не бил во состојба да се справи со притисокот.
 

– Судот да има предвид дека е татко на пет малолетни деца и досега е неосудуван. Тој од самиот почеток, иако не призна вина, ја зборуваше вистината пред Јавното обвинителство. Верувам дека Судот ќе го цени и признанието на вина, изјави адвокатот Александар Новаковски.

Пресудата за Зоран Милески – Кичеец Судот ќе ја изрече утре напладне.

На денешното прво судско рочиште за „Рекет“ првообвинетиот Бојан Јовановски се изјасни дека не чувствува вина, како и второобвинетата поранешна јавна обвинителка Катица Јанева. Судењето за  Јовановски и Јанева продолжува на 6 декември, за кога се повикани исказ да дадат сведоците Јордан и Ана Камчеви. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе