Актерот Кијану Ривс ја стекна титулата Омилениот човек на интернет и за тоа има безброј причини.
Почнувајќи од неговата скромност и приземјеност, до начинот на кој ги третира обожавателите, до неговите филантропски напори за помош на децата, Кијану е навистина совршениот маж.
Веќе има и петиција што ја потпишаа илјадници луѓе во која се бара од списанието Time Magazinе да го прогласи Ривс за Личност на годината за 2019.
Инспирирана од сево ова, писателката и уметница Кристал Ро реши да направи илустрации на најпознатите двојки од бајките на Disney во кои ликот на принцот го „игра“ токму Кијану Ривс.
Нема потреба да бараме повеќе причини, туку само да продолжиме да се восхитуваме на постоењето на Кијану Ривс.