Реал не успеа да слави кај Лас Палмас во шестото коло во Примера, иако против домаќинот два пати имаше предност. Новиот кикс на Реал го искористи Барселона и со убедливиот триумф во Хихон на лидерот му се доближи на еден бод.
Реал сезоната ја започна со четири победи, но во последните две кола освои само два бода, откако одигра нерешено против Виљареал и Лас Палмас.
Реал на теренот на противникот, во исклучително возбудлив натпревар, два пати имаше предност, но не успеа да освои три бода.
Головите за Реал ги постигнаа Асенсио во 33-та и Бензема во 67-та минута, додека кај домаќинот погодуваа Тнаусу во 38-та и Аруахо во 85-та минута.
Зинедин Зидан реши да ризикува повлекувајќи го од игра Кристијано Роналдо во 72-та минута од средбата. Кристијано го покажа своето незадоволство поради тоа што е предвремено повлечен од игра.
Резултати:
Еибар-Реал Сосиедад 2:0
Спортинг-Барселона 0:5
Атлетик Билбао-Севилја 3:1
Лас Палмас-Реал 2:2.