Свет

Ким Џонг Ун го покани Трамп на состанок во Пјонгјанг

16. септември 2019 - 8:42 | МИА
Пјонгјанг, 16 септември 2019 (МИА) – Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун го покани американскиот претседател Доналд Трамп на состанок во Пјонгјанг, објави денеска јужнокорејскиот весник JoongAng Ilbo.

Според весникот, поканата била содржана во писмото испратено од Ким до Трамп во втората половина на август.

Како што претходно беше објавено, Трамп не исклучи нова средба со лидерот на Северна Кореја пред крајот на оваа година.

Лидерите на двете земји досега се сретнаа три пати – во Сингапур и Ханој, како и во демилитаризирана зона меѓу Јужна и Северна Кореја.

Коментирај