Свет

Ким Џонг Ун задоволен од тестирањето на новото оружје

17. август 2019 - 11:31 | Кајгана/МИА
Пјонгјанг, 17 август 2019 (МИА) – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на новото оружје и изрази големо задоволство поради „мистериозниот и фасцинантен успех“ на неговата војска.

Како што пренесува KCNA, Ким ветил дека ќе ги усоврши „непобедливите воени капацитети кои никој нема да помисли да ги провоцира“.

Војската на Јужна Кореја соопшти претходно дека неидентификувани проектили биле истрелани по осум часот наутро по локално време и летале околу 230 километри, до височина од 30 километри и завршиле во Јапонското Море.

Ова е шесто тестирање на оружје во последните три недели. Овие тестирања можат да ги комплицираат напорите на американските преговарачи кои наредната недела патуваат во Јужна Кореја и Јапонија, на разговори за денуклеризација на Корејскиот полуостров.

Коментирај