Ким порано си замина од Русија

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун замина од Владивосток и тргна кон Пјонгјанг.

Тој отпатува од Русија четири часа порано од предвиденото, а беше испратен од рускиот министер за развој на Далечен Исток и на Артикот, Александар Козлов, заменик министерот за надворешни работи Игор Моргулов, амбасадорот на Русија во Северна Кореја, Александар Мацегора и гувернерот на Приморскиот регион Олег Кожемјако.

Ким во присуство на руските претставници положи цвеќе оддавајќи им почит на руските војници кои загинале на Пацификот.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека првата средба на Ким со претседателот на Русија, Владимир Путин била „импресивена“ и оти поминала во пријателска атмосфера.

Ким на вчерашната средба со Путин во Владивосток изјави дека мирот и безбедноста на Корејски Полуостров во целост ќе зависи од идниот став на САД.

– Ситуацијата на Корејскиот Полуостров и во регионот сега ја достигна критичната точка, од која би можела да се врати во првобитната состојба откако САД зазедоа унилатерален став во лоша смисла на неодамнешниот, втор по ред, самит и преговори помеѓу Северна Кореја и САД, наведе Ким.

КЦНА исто така објави дека Русија и Северна Кореја се договориле да преземат позитивни мерки во повеќе области со цел да ја унапредат соработката, вклучително и во економијата, трговијата, науката и технологијата.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе