Софтвер
Kaspersky, Symantec...

Кина почнува со блокирање на странскиот сигурносен софтвер

6. август 2014 - 10:25 | Кајгана

Од листата на дозволени антивирусни програми, Кина ги исфрли решенијата на американскиот Symantec и рускиот Kaspersky Lab. Со овие потези, властите во Пекинг се надеваат дека дополнително ќе ја намалат зависноста од технолошки ресурси кои доаѓаат надвор од Кина, истовремено зголемувајќи ја сигурноста во земјата, известува Ројтерс.

Ројтерс пренесува информации кои ги објави кинескиот државен медиум People’s Daily на својот Twitter профил на англиски јазик. Освен оваа информација, откриено е и дека властите овозможиле користење на пет различни други решенија за компјутерска безбедност, а заедничко за сите нив е дека се создадени во Кина.

Ројтерс не успеал да добие изјава од Symantec, но затоа со свој став излезе Kaspersky Lab. „Истражуваме и разговараме со кинеските власти поврзани со овој потег. Прерано е да се говори за било какви детали во овој момент”. 

Коментирај