Гејминг

Кина забрани игри во кои има крв и коцкање

22. април 2019 - 15:57 | Б.С.Б.

Добрата вест за компаниите кои продаваат игри се дека Кина почна да одобрува наслови, но со нови правила кои се однесуваат на одредени категории. Забранети се игри со крв и мртовци, како и со коцкање.

Причина за тоа е основањето на ново регулаторно тело поради загриженоста од насилството и зависноста од коцкање меѓу младите луѓе. Добивањето пристап на кинескиот пазар на игри, кој е најголем во светот, може во иднина да претставува многу тешка задача. Сепак, владата престана да одобрува нови игри поради стравот дека младите луѓе ќе се расипат, поради политички промени и слично, забраната на покер и Mahjong игрите веројатно најмногу ќе одекне бидејќи скоро 37 проценти од одобрените игри во 2017 година спаѓаат во таа категорија.

Најголем проблем е зависноста на малолетниците од игри. Кина воведе правила против зависност во 2008 година со која се ограничува времето и количината пари што малолетниците можат да ги потрошат во игра. Законот се прошири на мобилни игри.

Крвта во игрите е веќе забраните, но девелоперите тоа правило го заобиколуваат и ја променија црвената боја во зелена, на пример зелена крв. Меѓутоа, сега се забранети сите бои на крв.

Коментирај