Авто новости

Кинеска инвазија: Со електричен SUV возеа 15.000 километри до саемот во Франкфурт

12. септември 2019 - 12:56 | А.С.

Кинеската автомобилска индустрија постигна уште еден значаен успех.

Ова е можеби најдобриот пример за технолошки развој, но уште повеќе е пример за кинеската упорност. Кинезите тргнаа на пат кон Саемот на автомобили во Франкфурт со два електрични SUV модели Aiways U5 што се во фаза на прототип.

Беа на пат цели 53 дена и во тоа време поминаа 12 земји по рутата позната како „Патот на свилата“. Вкупно поминаа 15.022 километри, а наводно не носеле голема сервисна поддршка, ниту агрегат.

Сѐ на сѐ, заслужија да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

Патувањето послужи како конечен тест за стабилноста и безбедноста на возилото, како и за сигурноста на погонот. Возејќи низ сурови предели од Кина до Германија, тимот го следеше целокупното однесување на електромоторот на Aiways U5.

Возилото има електромотор од 190 коњски сили и максимален вртежен момент од 315 Nm, а автономијата изнасува 503 километри (според NEDC стандарди).

Првите примероци од овој модел се очекува да стигнат на европските патишта во април следната година, па ако цената биде добро прилагодена, може да се очекува солидна кинеска инвазија на Стариот континент.

Коментирај