Се сеќавате ли на рекламата на кинеската компанија за производство на прашок за перење? Нејзината содржина предизвика низа негативни реакции на интернет, по што компанијата Qiaobi јавно се извини поради навредите нанесени со рекламата, оценета како расистичка.
Од компанијата велат дека се против било каква расна дискриминација изразувајќи жалење што нивната реклама предизвикала негативни реакции и навреди.
Видеото со рекламата досега има повеќе од 7 милиони прегледи на YouTube и многу коментари со негативен контекст.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=Xq-I0JRhvt4]