Кинеските власти забранија влез на туристи во Тибет

Пекинг, 20 февруари 2019 (МИА) – Кина им забрани на странските туристи пристап на Тибет поради претстојното одбележување на годишнината од востанието против кинеската управа над овој хималајски регион.

Туристичките агенции соопштија дека влезот на странските туристи во Тибет ќе им биде забранет до 1 април.

Годишнината, која се одбележува на 20 март е сеќавање на востанието против кинеските власт на Тибет, кое се случило во 1959 година, а на 14 мај дошло до демонстрации против владата во главниот град на Тибет, Ласа, при што имаше и човечки жртви.

Иако секоја година во тој период се забранува влез во Тибет, 60. годишнината привлекува особено внимание. Настаните од 1959 година го обележаа егзилот во Индија на Далај Лама, кого кинеските власти го сметаат за опасен сепаратист, како и почетокот на многу репресивно владеење на Кина во регионот.

Во 2017 година имало повеќе од 25 милиони патувања на Тибет, а минатата година овој број се искачи на 33 милиони, носејќи приход од 5,6 милијарди долари.

Набљудувачките мисии велат дека оваа забрана е дел од стратегијата насочена кон прикривање на степенот на репресија во тој регион. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе