Футуристичкиот прототип хеликоптер на Кина привлече најмногу внимание со самата појава поради дизајнот кој неверојатно потсетува на Неидентификуван летечки објект.
На воздухопловното шоу во кинескиот град Тјенцин, кое беше официјално отворено завчера, вниманието го украде она за кое сите помислија дека е летечка чинија заробена од некои вонземни посетители.
Сепак, станува збор за прототип на борбен хеликоптер именуван како Super Great White Shark со кој Кинезите треба воено да им конкурираат на Русите и на Американците.
Дизајност е како НЛО, а во леталото можат да бидат само двајца луѓе. Но, не се знае дали всушност може да лета бидејќи на изложбата само стоеше на земја.
Досега имало неколку обиди за правење на летало по принципот на НЛО, но тенологијата сѐ уште не успеала да направи такво што навистина ќе лета со ротација.