Останати спортови
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО МАРАТОН БЕЛГРАД 2019

Кираџиева и Поп Арсова освоија сребро на маратонот во Србија

18. ноември 2019 - 15:07 | МИА

Белград, 18 ноември 2019 (МИА) – Репрезентативките на Атлетска федерација на Македонија, Весна Кираџиева и Андријана Поп Арсова, викендов во Белград на Балканското првенство во маратон, во склоп на Serbia marathon беа втори во екипен пласман/жени и се закитија со сребрен медал.

Андријана Поп Арсова беше трета на Балканското во поединечна конкуренција и четврта севкупно, додека Кираџиева се пласираше како седма и десетта во севкупна конкуренција.

Марјан Бонев беше претставник кај мажите и влезе во топ десет, пласирајќи се на 10-тата позиција.

Кираџиева е поранешна рекордерка во маратон и шесткратна македонска шампионка во маратон, додека Поп Арсова е актуелна рекордерка и двапати државен првак во маратон.

Коментирај