Музика

Кит Ричардс: Полесно е да се откажеш од хероин отколку од цигари

14. февруари 2019 - 13:07 | К.З.

Гитаристот на легендарната рок-група „Ролинг Стоунс“ има 75-годишно искуство од живеење на овој свет, а голем дел од времето на оваа планета тој го потроши на консумирање и експериментирање со различни супстанци, дел од нив легални – ама поголемиот од нив нелегални.

Откако во декември ги прослави неговиот 75-ти роденден и 35-годишнината од бракот, Кит Ричардс изјави дека се обидува целосно да се откаже од алкохолот. Тој вели дека одвреме-навреме пие чаша вино или пиво, но дека значително ја намалил количината која ја внесува.

„Не пијам веќе жесток алкохол. Понекогаш знам да се напијам чаша вино, или пиво ‘Guinness’, но останувам на тоа. Тоа не значи дека ќе ве одбијам ако ми пристапите во некој бар и ме понудите со пијачка“, вели Ричардс.

Според гитаристот, вежбањето е штетно за телото бидејќи се оштетуваат зглобовите. Поради тоа, Ричардс вели дека единствената вежба што ја прави е повремено станување и седнување, а кога оди на море одбива да плива, туку “плови“ на површината.

„Лу Рид еднаш рече дека е потешко да се откажеш од хероин отколку од цигари. И навистина е така. Откажувањето од хероин е како да поминуваш низ пекол, но трае кратко. А цигарите се отсекогаш тука, нив само ги земаш во рака и ги палиш, без да размислиш дали треба да го направиш тоа. Полека ги намалувам цигарите, секој ден, бидејќи сфатив дека се работи за непотребна навика“, додава Ричарс.

„Ролинг Стоунс“ се повторно заедно во студио, по пауза од неколку години. Со остатокот од бендот е и Кит Ричардс, кој вели дека новиот материјал пристигнува наскоро.

Коментирај