Фудбал

Кјелини: Реал лани му ја украде Златната топка на Роналдо

3. декември 2019 - 17:58 | Ф.З.

Дефранзивецот на Јуве застана во одбрана на својот соиграч за кого смета дека сега требало со Меси да се 6:6 во Златни топки.

„Во ред е што Меси ја освои Златната топка годинава. Вистинската кражба беше лани кога Реал Мадрид одлучи Кристијано да не ја освои. Беше навистина чудно“, вели Џорџо Кјелини.

Во минатогодишниот избор Роналдo заврши втор зад Лука Модриќ. Од таборот на Реал не гласаа за Португалецот кој летото премина во Јувенус. Сепак, и без нивните гласови Модриќ убедливо ќе победеше.

„Кристијано ја освои Лигата на шампиони, па по таа логика Ван Дајк требаше да победи годинава“, смета Кјелини.

„Можеби лани требаше Гризман, Погба или Мбапе да ја освои поради тоа што направија неверојатни работи на Мундијалот. Победата на Модриќ нема никаква смисла“, изгледа Кјелини заборава колку неверојатни работи Модриќ со Хрватска на истиот тој Мундијал.

Сега Меси има 6 Златни топки, додека Роналдо останува на 5.

Коментирај