Климатски активисти ги окупираа универзитетите во Австрија

Активисти за спречување на климатските промени на меѓународното движење End Fossil: Occupy вчера ги окупираа просториите на универзитетите во Виена, Инсбрук и Салцбург и најавија дека нивната акција не е временски ограничена.

Активистите, со акцијата наречена Земјата гори, сакаат што побрзо да излезат од системот за снабдување со фосилни горива. Дополнително, како што е најавено, бараат поправеден образовен и социјален систем и повеќе средства за високото образование.

Во Виена, демонстрантите вчеравечер ја окупираа најголемата предавална и одбија да ја напуштат преку ноќ. Во текот на денешниот ден беа организирани предавања на тема климатски промени, а престојот во предавалната беше најавен „барем до следниот четврток“.

„Сакаме да бидеме сфатени сериозно“

Организаторите на протестот строго забранија консумирање алкохол и дрога за време на протестната акција.

„Сакаме да бидеме сфатени сериозно“, рече Амина Гугенбихлер, една од портпаролките на движењето, за агенцијата АПА.

Во Салцбург и Инсбрук, протестни акции почнаа во средата навечер и сè уште траат. Управата на универзитетот соопшти дека засега ги „набљудуваат“ акциите. Воедно беше најавено дека сакаат заеднички да пристапат кон дискусијата на тема климатски промени.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе