Климатските активисти „Последната генерација“ блокираа патишта во Германија

Групата за климатски активисти „Последната генерација“ повторно протестираше во саботата блокирајќи ги патиштата на неколку места во Германија, но овој пат демонстрантите не се залепија на асфалтот.

Околу 130 лица напладне го блокираа берлинскиот мост Варшауер, соопшти полицијата. Неколку пати седнуваа и стануваа од асфалтот.

Во Минхен и Регенсбург, полицијата брои 120, односно 150 демонстранти на регистрирани и нерегистрирани собири. Во Минхен немаше поголеми проблеми во сообраќајот.

Недалеку од терминалот за LNG на балтичкиот остров Риген, 30 активисти го прекинаа сообраќајот на пристапниот пат до пристаништето за траект Сасниц.

Полицијата го прекина протестот

Полицијата првично го дозволи протестот, но по неколку часа го прекина.

Портпаролот на демонстрантите рече дека имаат намера да останат подолго, веројатно до недела, истакнувајќи дека го сметаат терминалот за „врв на лудилото за фосилните горива“.

Протести имаше и на југозападот на земјата, во Фрајбург и Карлсруе и на аеродромот во Штутгарт. Протестите беа мирни.

Во Бремен, на северозападот на земјата, околу 100 климатски активисти окупираа раскрсница во центарот на градот.

Планирани и нови блокади

Нови блокади се планирани и во Келн на запад и во Лајпциг на исток од земјата.

„Последната генерација“ повикува на радикална акција против климатските промени, вклучително и целосно отфрлање на фосилните горива.

Тие организираат блокади од почетокот на 2022 година.

Демонстрантите често знаеја и да се залепат за асфалтот, но неодамна порачаа дека повеќе нема да го прават тоа.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе