Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Изгледа дека ќе мора да се направи „негативна“ промена на нашите часовници за прв пат во историјата - но само за секунда.

Имено, Земјата ротира малку побрзо од претходно, па за неколку години, околу 2029 година, ќе изгубиме една секунда; што се нарекува „негативна престапна секунда“.

Нашите часови и минути се одредени од ротацијата на планетата. Сепак, не е константна, може малку да варира во зависност од тоа што се случува на површината на Земјата и во нејзината внатрешност (јадро).

Негативната престапна секунда требаше да се случи во 2026 година, но климатските промени ја променија пресметката. Имено, топењето на поларниот мраз малку ја забави ротацијата на Земјата. Според наодите од новата студија, поради топењето на мразот на половите, дошло до прераспределба на масата, што пак влијаело на ротацијата и го одложило „одземањето“ на секундата.

Ротацијата почна да се забрзува

Координирано универзално време, или UTC, е систем заснован на стотици атомски часовници, со кои се регулираат сите други часовници. Бидејќи ротацијата на Земјата варира, престапна секунда се додава на UTC честопати за да се усогласи со Меѓународното атомско време (TAI).

Со текот на годините, постојано додававме секунда, но по долгиот тренд на забавување, ротацијата на Земјата почна да се забрзува поради промените во јадрото, пишува CNN. Досега немаше потреба од негативна престапна секунда, но во 2022 година е забележан најкраткиот ден на Земјата од почетокот на мерењата, поради што експертите почнаа да планираат отстранување на секунда во 2026 година.

Можни проблеми со компјутерските системи

Иако топењето на глечерите ја забавува ротацијата, целокупната ротација на Земјата сè уште се забрзува. Со оглед на тоа што не сме ја прилагодиле престапната секунда од 2016 година и никогаш не сме ја одзеле досега, можеби ќе наидеме на некои проблеми во однос на технологијата.

„Софтверот на многу системи прифаќа додавање на секунда, но малкумина можат да го обработат одземање. Очекуваме дека негативната престапна секунда ќе создаде многу тешкотии“, рече геофизичарот Данкан Агњу од Универзитетот во Калифорнија, како што пренесува Science Alert.

Маса, гравитација и ротација - сè е поврзано

Бидејќи неодамна беа забележани некои необичности во ротацијата на Земјата, Агњу реши да ја анализира нејзината аголна брзина. Сателитите кои орбитираат околу Земјата постојано ја следат нејзината гравитација, а бидејќи гравитацијата е поврзана со масата, податоците можат да покажат како таа маса е распределена; каде има повеќе а каде помалку.

Агњу ги проучувал промените во гравитационото поле на Земјата и мерењата на брзината на ротација. Тој откри дека топењето на поларните капи значително влијае на ротацијата на нашата планета. Имено, кога мразот се топи на Гренланд и на Антарктикот, тој се влева во океаните, менувајќи ја распределбата на масата - а со тоа и ротацијата.

Врз основа на собраните информации, Агњу утврди дека до 2029 година ќе треба да се воведе негативна престапна секунда. Забрзаната прераспределба на масата на Земјата поради топењето на глечерите можеби го одложи проблемот со негативните секунди, но исто така, забележува Агњу, ги зголемува шансите дека ќе треба да ги додадеме во иднина.

„Топењето на поларниот мраз значително влијаеше на ротацијата на целата Земја“

„Да не се забрзаше топењето на поларниот мраз, ќе го имавме овој проблем три години порано. Глобалното затоплување веќе влијае на мерењето на времето во светот. Зголемувањето на температурите и глобалното мерење на времето станаа нераскинливо поврзани, што може да стане уште поизразено во иднина“, рече Агњу.

„Топењето на поларниот мраз забележително влијаеше на ротацијата на целата Земја. Ова е ситуација без преседан. Нема да има огромна промена во ротацијата на нашата планета која би можела да предизвика катастрофа или нешто слично, но промената е Забележливо. Ова е уште еден доказ дека живееме во необично време. Неверојатно е што човечките суштества предизвикаа промена на ротацијата на Земјата“, додава тој.

Истражувањето A global timekeeping problem postponed by global warming беше објавено во списанието Nature.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе