Кливленд во криза, Вестбрук за историја

Шестиот пораз на последните осум натпревари што го доживеаа кошаркарите на Кливленд и 60-от трипл дабл во кариерата на Расел Вестбрук, ја обележаа измината ноќ во НБА лигата, во која се одиграа десет натпревари.

Кливленд е далеку од вистинската форма, а тоа го покажува и најновиот пораз во првенството, шест на последните осум натпревари. Актуелните шампиони загубија на домашен терен од Сакраменто 112:116.

Натпреварот беше решен во дополнителните пет минути, а Сакраменто до триумфот го предводеа Демаркуз Казинс со 28 поени, 11 скокови и 9 асистенции, односно Дарен Колисон со 23 поени.

На Кливелнд не му помогна одличното издание на Леброн Џејмс кој забележа трипл дабл од 24 поени, 13 скокови и 11 асистенции. На ниво беа и останатите двајца од „големата тројка“ на Кливленд (Кајри Ирвинг 20 поени, Кевин Лав 21 поен), но повторно потфрли остатокот од тимот.

Оклахома победи во Њу Орлеанс 114:105, а Расел Вестбрук го забележа 60-от трипл дабл во кариерата. Рас мечот го заврши со 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции и се проби на петтото место на вечната листа, потиснувајќи го легендарниот Лери Бирд на шестото место.

Вицепрвакот Голден Стејт ја запиша 39-та победа во 46-от меч сезонава. Голден Стејт победи во Шарлот 113:103. Кевин Дурент постигна 33, Стеф Кари 28, а Клеј Томпсон 19 поени.

На другите натпревари Бостон го победи Хјустон 120:109, Чикаго загуби од Атлната 114:119, Мајами победи во Бруклин 109:106, Мемфис славеше против Торонто 101:99, Далас го порази Њујорк 103:95, а Портланд славеше над ЛА Лејкерс 105:98.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе