Клоп испиша историја во Ливерпул, како и да заврши сезоната

Без разлика дали „црвените“ од Енфилд ќе ја завршат сезоната со еден, два или ниеден трофеј, Јирген Клоп ќе остане запишан во историјата на Ливерпул преку едно значајно и големо достигнување.

Со победата над Кардиф, вкупно 27. во сезоната, Ливерпул стигна до 88 бода и го подобрија сопствениот рекорд на најголем број бодови во една сезона во Премиер лигата. Претходниот рекорд беше поставен на 86 бода, а беше забележан во сезоната 2008/2009, кога тимот го предводеше Рафаел Бенитез.

Кога пред 10 години Ливерпул стигна до 86 бода, многумина претпоставуваа дека тимот од Енфилд конечно ќе може да му го земе приматот на Манчестер Јунајтед како најдобар тим во Англија. Во тогашниот состав можеа да се најдат имиња како Фернандо Торес, Стивен Џерард, Чаби Алонсо, Хавиер Маскерано и Пепе Реина.

Но, 86-те бода се покажаа како врвот на оваа екипа, која со текот на годините се распадна. Во следните сезони Ливерпул завршуваше двапати на шестата, седмата и осмата позиција, а еднаш беше втор.

Оваа сезона Ливерпул игра фантастично уште од почетокот, и тоа во сите конкуренции. Ривалот во Премиер лигата овојпат е Манчестер Сити, но распоредот до крајот на сезоната ќе им биде отежнат со двомечот против Барселона во рамките на полуфиналето од Лигата на шампионите.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе