Фудбал

Клоп: Направив голема грешка со Мане

14. јануари 2019 - 18:41 | А.С.

Клоп го плати 41 милион евра во летото, 2016 година. Две години претходно можеше да го добие за двојно помалку, но пропушти голема прилика.

Садио Мане, одличното лево крило на Ливерпул, дојде во клубот од Саутхемптон пред две и пол години. Го донесе Јирген Клоп.

Меѓутоа, истиот тренер имал шанса да работи со него во летото 2014 година и да го земе за 23 милиони евра. Но, не бил сигурен дали тогашниот играч на Салцбург е вистинскиот избор за Борусија Дортмунд, каде тогаш беше менаџер, и се повлекол од договорот.

Саутхемптон го искористи неговото повлекување и го купи Мане. Сенегалецот играше две сезони таму и одлично се покажа, па две години подоцна Клоп го плати двојно повеќе.

Клоп за играчот кој на 100 натпревари за Ливерпул постигна 42 гола и 20 асистенции, денес зборува вака:

„Направив неколку грешки во животот, една од најголемите ми е што не го купив Мане кога бев во Дортмунд. Беше кај мене во канцеларија, разговаравме. Но не бев сигурен дека е тоа што ми треба. Колку само не бев во право. Направив голема грешка со него.“

Коментирај