Клучната реченица што треба да ја кажете на интервју за работа

Секој кој досега бил на интервју за работа знае што треба да се направи за да се остави добар впечаток од самиот старт: да дојдете навреме, да бидете позитивни и насмеани и да се поздравите со цврст стисок.

Има и многу совети и препораки за тоа како треба да се однесувате низ интервјуто, како да одговарате на прашањата и кои прашања да ги поставите на потенцијалниот работодавец.

Но, она што ретко се сомнува е како да го завршите разговорот.

Сузи Велч, авторка на неколку од најпродаваните книги од областа на менаџментот, тврди дека последните неколку минути од интервјуто се клучни за тоа дали ќе ја добиете работата или не, секако, доколку работодавецот веќе ве гледа како еден од кандидатите што ќе влезат во потесен круг.

„Откако сте кажале сѐ што сте имале да кажете и личноста која ве интервјуирала ќе ви каже дека тоа е тоа, не си заминувајте со обично ‘благодарам на издвоеното време’ и да си заминете. Пред да излезете, самоуверено кажете ‘Навистина го сакам ова работно место’“, советува Велч.

Пред да помислите дека ваквата искреност звучи очајнички, Велч нагласува дека можноста за успех е поголема (и поважна) од самиот ризик. Оваа реченица има оромна моќ ако биде изговорена со самодоверба.

Експертите кои прават интервјуа велат дека овааа изјава покажува три ваши особини што ги бара речиси секој работодавец – искреност, храброст и скромност.

„Ваквата отвореност внесува освежувачка нота на искреност и секогаш ги допира луѓето на позитивен начин“, истакнува Велч.

Цврстото искажување на сопствените желби покажува дека имате храброст.

„Оние кои ќе ја слушнат ваквата изјава знаат и колку е тешко да се каже тоа на глас. Знаат дека за тоа треба храброст и ќе ве запамтат“, вели таа.

Менаџерите сакаат вработени кои покажуваат храброст, преку иницијативност или преку јасно изразување на мислењето.

Исто така, оваа отвореност покажува дека не сте премногу горделиви и дека сте свесни зошто сте таму. На оние кои одлучуваат им ставате до знаење дека знаете дека тие ја носат конечната одлука и покажувате почит.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе