Книга: „Приказната на робинката“ – Маргарет Атвуд

Маргарет Aтвуд е канадска романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка за заштита на животната средина. Добитничка е на повеќе од 40 светски признанија, во 2000 година ја доби Букеровата награда за романот „Слеп убиец“ (The Blind Assassin). Таа е една од најпреведуваните светски автори и почесен професор на 30-ина универзитети како Оксфорд, Кембриџ, Харвард, Сорбона, Единбург и други.

Нејзини најпознати романи се „Приказната на робинката“ (The Handmaid's Tale), „Невестата крадливка“ (The Robber Bride), „Алиас Грејс“ (Alias Grace) и други. Маргарет Атвуд е позната и како поетеса, а годинава е добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

„Приказната на робинката“, во издание на издавачката куќа Бегемот, е дистописки роман во кој дејството се одвива во иднината. Книгата е напишана во 1985 година и може да се каже дека токму денеска е актуелна. Дејството е сместено во САД, во владеење на тоталитарна христијанска теократија која владее по извршениот преврат врз владата, а за тоа отпрвин се обвинети исламистите. Почнувајќи со лажен напад во кој се убиени претседателот и членовите на Конгресот, групата Мудрите синови на Јаков создава општество или филозофија во кое не важи уставот на САД, правејќи нов поредок. Сè се знае за секого поради поврзаноста на информациите преку компјутерите. Жените ги губат правата на сопственост и стануваат поделени во неколку категории. Една од нив се Робинките, жени кои служат како сурогат мајки, односно „подвижни матки“. Тоа се млади жени кои претходно имаат родено дете, а треба да им послужат на паровите кои се богати и немаат деца поради низата еколошки катастрофи и загадувања што се имаат случено во светот.

Робинката од која го дознаваме сето ова нема име, наречена е Нафред. Овој лик е двигател на дејството и преку нејзиното раскажување, односно обраќање до идните генерации, дознаваме како се случиле промените во општеството. Нафред се наоѓа во куќата на еден од главните Команданти на групата Мудрите синови на Јаков. Тој нема деца со сопругата, но затоа има Робинки, жени чија должност е да родат негово дете, но не успеваат.

Опишано е дека робинките прават сè за да останат бремени, па дури и забранет секс со други мажи. Некои од нив раѓаат деформирани деца кои умираат, додека други ако бидат фатени ги чека смртна казна.

Нафред прави сè за да се спаси од ваквиот живот, оживувајќи ги спомените од минатото и тежнеејќи кон ќерката и сопругот. Животниот пат ја води во домот на Командантот со кој гради некаков личен однос, а тој за награда ѝ покажува дека сè уште постои светот кој групата сака да го уништи. Само сега тоа е тајна и задоволство единствено за командантите и нивните послушници. Во книгата се опишуваат различни категории на поданици, како Очи (луѓе кои гледаат сè и тоа го пренесуваат, Тетки (кои се грижат за Робинките и семејствата), Ангели (војници) и други. Целиот однос кон Робинките е да го скршат нивното човечко достоинство, да ја исполнат целта на рожба, а потоа да завршат како непотребен вишок.

Нафред склопува неколку пријателства со слични Робинки на себе, но во тоа општество никој со никого не е пријател, секој има одредена цел и корист. Дали токму таа ќе успее да забремени од Командантот?

Книгата изгледа многу актуелна во денешно време кога многу жени во различни делови на светот живеат сличен живот, диктиран од религиозни уредувања или политички уредувања.

Нејзината моќна порака ќе ве потресе, ќе ви го разниша светот под нозете од силните емоции и ќе ви отвори многу теми за размислување.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе