Предлог за читање

Книга: „Здивот на скандалот“ – во потрага по нов живот

Познатата писателка Сандра Браун е родена во 1948 година во САД и е една од најчитаните авторки во светот. Продадени се повеќе од 70 милиони примероци од нејзините книги, кои исто така се преведени на повеќе јазици низ светот.

Писателската кариера ја има започнато во 1981 година, а оттогаш има објавено повеќе од 70 книги. Претежно пишува романтични драми и трилери.

Романот „Здивот на скандалот“ (The Breath of Scandal) кај нас е преведен на македонски јазик од издавачката куќа Култура. Станува збор за интересен и возбудлив трилер во кој главниот лик е младата Џејд Спери. Дејството се одвива во Њујорк, 1990 година но авторката се навраќа во минатото на Џејд, поточно во Јужна Каролина, 1976 година. Целиот професионален живот на Џејд е насочен кон една цел: одмазда кон тројца нејзини соученици кои ја силуваат како тинејџерка.

Таа нема никаква поддршка во животот, нејзината мајка не верува во приказната што Џејд ѝ ја кажува по насилничкиот чин на момчињата кои ги познава целиот свој живот. Сите ѝ го вртат грбот, а по таа немила случка животот на Џејд целосно се менува.

Со текот на годините нејзината цел расте и успева да стане деловна жена која не зависи од никого. Џејд се враќа во Палмето, решена да им се одмазди на трите момчиња. Но, животот веќе доволно им има направено на тројцата мажи кои за разлика од Џејд, останале заглавени во малото гратче. Романот има трилер елементи, но има и доста романтични сцени.

Животот на Џејд се вкрстува со животниот пат на Дилан Берк, и двајцата имаат преживеано семејни трагедии и подеднакво страсно се предадени на работата. Меѓу нив постои сексуална страст која за момент го оттргнува првичниот план на Џејд и внесува љубовни елементи во нејзиниот живот. Претходно повредена од тројца мажи на кои им верувала, таа сега не може да му возврати на човекот во кој воопшто нема доверба. Дали Дилан ќе успее да ја врати нејзината верба во љубовта?

Што ќе се случи кога Џејд ќе се соочи со тројцата силеџии? Кој од нив ќе плати за стореното?

Интересно е колкава чувствителност внесува авторката во ликот на Џејд, која и покрај скандалот кој буквално ја уништува нејзината иднина успева првенствено да си докаже на самата себе колку е важно пребродувањето на личната болка. Овој силен женски лик не се плаши да покаже храброст во најтешките животни ситуации и да ги надмине сите пречки за да го оствари посакуваното. Во потрагата по нов живот таа ќе мора да остави сè зад себе и да се соочи со непознатото.

Станува збор за уште еден одличен роман на Сандра Браун, полн со исчекување и неизвесност, кој вреди да се доживее.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе