Книжевна дружба со „Ведра“, Јуле и Марио на Саемот на книгата 2023

Сабота, 6 мај, од 11 часот во Промотивниот центар во рамки на Саемот на книгата 2023, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, Скопје ќе се одржи Читачка промоција на книгата за деца „Ведра“ од Јулијана Величковска и работилница за цртање со илустраторот Марио Каев.

За „Ведра“ рекоа:

Ѓоко Здравески: „Ведра“ е приказна што си игра со архетипите, влегува длабоко и таму буричка, менува, поправа, разместува, отклучува. Го има оддалечувањето од домот, ги има опозициите добро – зло, светло – темно, блиску – далеку, но има и изненадувања, што самите ќе ги откриете кога ќе ја прочитате.

„Ведра“ ги има главните карактеристики на литературата за деца: директно му се обраќа на детето, ненаметливо го подучува, нежно влегува во неговиот несвесен свет и таму менува колективни знаења што не се нужно точни; покрај тоа, духовита е, и приказната и илустрациите. Децата ќе ја обожаваат. И, како и секоја добра приказна за деца, ова не е само приказна за деца, туку е приказна за секого.

Ана Голејшка Џикова: „Ведра“ е како микро и макропатување низ сите сплетени приказни од народното творештво со најбрз кабриолет и со најфраерски очила за сонце! Ова е сликовница омаж на пријателството, слатководна, брзоречита, лесночитлива во изразот. Играта со римата и песнопојот во текстот, предизвикува чувство како да сте во постојан ритам на приказната, како да пеете. Мајсторски се вметнати елементи од современите и вечни стравови на децата (инјекции, манџи, ако плачеш – ќе ти дојде змејот!) и на родителите (дете што постојано плаче или постојано e на таблет). Сладокусна, вкусна, игрива и поучна приказна за деца, но и за возрасни. Илустрациите го доловуваат ефектот на спектакл преку интензивните, конкретни бои (...) оваа сликовница работи со архетипски слики, пренесувајќи ја најубавата порака – кога ти е тешко, исплачи се. Ќе ти се разведри и ќе ти стане полесно. Само читај и верувај во добрината.

Иван Шопов: Волшебна приказна за една волшебна плачка ‒ малата принцеза Ведра. Бајка што ќе им помогне на малите плачковци да победуваат змејови, а на возрасните да не ги осудуваат кога плачат. Забавна, имагинативна и фантастично илустрирана книга, што ни ја открива скриената моќ на солзите.

Весна Мојсова-Чепишевска: „Ведра“ бранува со отворено прашање за нејзиното припадништво. Ако ги прашате децата, тие додека ја слушаат или потоа додека ја читаат (тогаш кога ќе можат да ја читаат), без многу размислувања ќе ви кажат дека оваа приказна е иста како оние приказни на браќата Грим, а ние проучувачите на книжевноста за деца би се согласиле и би дополниле: и како оние Вуковите т.н. „женски приказни“, и како оние волшебни приказни на Цепенков (особено оние во кои се појавуваат разни змејови, сеништа и караконџули).

„Ведра“ е сказна настаната и под влијание на народното творештво, но и од познавањето на митологијата и тоа онака како што тоа вешто го правеа Александар Сергеевич Пушкин или Ивана Брлиќ-Мажураниќ.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Култура

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Read more

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Read more

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе