Коалиционите партнери на СДСМ согласни државата да продолжи по европскиот пат

Скопје, 20 октомври 2019 (МИА) – Коалиционите партнери на СДСМ се согласни дека мора да продолжи европеизацијата на државата и покрај негативниот исход од Брисел. На вечерашниот состанок на премиерот и лидер на СДСМ во партиското седиште со коалициските партнери, тие ја поддржаа одлуката на 12 април да се одржат предвремените парламентарни избори.

Заев по состанокот изјави дека верува оти ќе добие чист мандат и изрази оптимизам дека има доволно време во претстојниот период да се реализираат поголем дел од веќе најавените мерки.

– Програмата ќе биде создадена во овој период, а за реализацијата на она што досега не е реализирано, има доволен период да биде реализирано во претстојните безмалку шест месеци до изборите. Вака фокусирани продолжуваме да им служиме на граѓаните. Ние сме лидерите на граѓаните кои ја димензионираат иднината на Република Северна Македонија на вистинскиот пат по којшто не препозна ЕУ и САД и целиот демократски свет, патот кој докажавме дека е возможно да се пронајде по овие 28 години независност. Веруваме дека граѓаните ќе останат цврсто на таа определба давајќи поддршка на еден чист мандат со кој ќе ги продолжиме тие политики, рече Заев.

Тој додаде дека СДСМ предложил изборите да се одржат во декември, но оти против ваквиот предлог била ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека ќе нема 100 дена техничка влада. Заев е задоволен што датумот е одреден со консензус и се надева дека исто така ќе се најде консензус и за Законот за јавното обвинителство.

– ВМРО-ДПМНЕ ги извади прво аргументите дека не сакаат до крајот на оваа година и веќе почнаа да се разгледуваат датумите. Јануари и февруари се ризични државата да ја оставиме без Парламент. Тогаш почнаа да се разгледуваат варијантите и го избравме 12 април. Мене ми е драго што со коалициските партнери стоиме сите заедно. Тоа нека биде порака дека сме повеќе зрели и знаеме да се договориме кога треба да се договориме за да тоа и помогне на нашата земја, нагласи Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека неговата партија според анкетите води пред ВМРО-ДПМНЕ со три проценти поенти и оти кон крајот на октомври или ноемрви ќе направат уште едно истражување на јавното мислење.

Лидерот на НСДП, Тито Петковски по состанокот изјави дека во овој момент треба да се направи синергија и да се мотивираат што повеќе интелектуалци, граѓански организации и политички партии за да се направат избори кои ќе бидат одраз на вистинското расположение на граѓаните. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе