Реклами

Кога дечкото ќе ти направи реклама да ја продадеш колата на старо

9. ноември 2017 - 15:34 | А.С.

Тешко е да се продаде автомобил на старо, особено ако е стар 21 година, но секогаш вреди да бидете креативни во намерата да се ослободите од него.

Марк Ланман направи забавна реклама за да го продаде стариот автомобил на девојка му. Марк, кој работи како сценарист и режисер во Лос Анџелес, ги искористил неговите таленти за да ја продадат колата Honda Accord од 1996 година. Реакциите на видеорекламата и понудите што ги добиле ги изненадиле повеќе од очекуваното.

Пет дена откако ја пуштиле рекламата за колата со прекар Грини, потенцијалните купци се наддавале за цената што достигнала до 150.000 долари, а видеото било прегледано околу 4 милиони пати.

Понудата на eBay била затворена поради „невообичаени активности во наддавањето“, согласно правилата на онлајн компанијата за продажба.

„Најверојатно некој од одделението за измама во eBay не знаел за рекламното видео и не му се верувало дека Honda Accord од 1996 година стигнала до понуда од 150.000 долари и го затворил наддавањето“ вели Марк.

Подоцна од компанијата им кажале дека не може да го обноват наддавањето, па поставиле нов оглас и пак поминале добро.

Моментално, највисоката понуда за автомобилот чија вредност се проценува на 1.500 долари изнесува 5.600 долари.

Коментирај