Кога најмногу уживаме во сексот?

Има многу митови поврзани со сексот и сексуалното уживање, а еден од нив е дека адолесцентите имаат најлуд секс, а средовечните луѓе најздодевен.

Меѓутоа, истражувањата го докажуваат токму спротивното. Имено, луѓето на 50-тина години имаат најзабавен секс и најмногу уживаат во сексот!

Ова го потврдуваат и резултатите од анкетата што ја спроведе порталот Trojan во која учествуваа 2.400 луѓе на возраст од 40 до 59 години.

Речиси две третини од луѓето опфатени во анкетата рекле дека уживале во последното сексуално искуство и дека редовно имаат сексуални односи.

Дури 63% од испитаниците додале дека на таа возраст се чувствуваат најопуштено и повеќе сакаат да експериментираат отколку кога биле десет години помлади.

„Постои верување и перцепција дека со годините сексот станува сѐ помалку важен, помалку пријатен и генерално поредок“, вели доктор Робин Милхаузен, кој учествуваше во истражувањето.

Во едно поново истражување на компанијата Lumen, се открива дека луѓето на 50-тина години одлучуваат да имаат секс со нов партнер во првите три состаноци.

Според ова истражување, на 50-тина години сексот трае околу 25 минути и се менуваат три пози, од кои најчеста е мисионерската. 

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе