Кога почнуваме да стануваме незадоволни од својот изглед?

Повеќето тинејџери не се задоволни од својот изглед. Во периодот на пубертет си наоѓаме маани на лицето и телото, а овие несигурности често продолжуваат да нѐ следат и понатаму во животот.

Едно најново истражување на Универзитетот на Мелбурн дојде до поразителен заклучок дека децата може да развијат лоша слика за сопствениот изглед уште на возраст од осум до девет години.

Истражувањето се темели на податоци собрани од 1.100 девојчиња и момчиња на оваа возраст. Нивната задоволност од сопствениот изглед била мерена според детската скала за пореметување во исхраната. Оваа алатка се состои од осум силуети на детски тела што варираат од неисхрането до прекумерно дебело.

Децата требало да се идентификуваат со некоја од силуетите и да одредат која од нив претставува идеален облик на телото.

Податоците покажале дека девојчињата почесто се незадоволни од сопственото тело, додека некои од момчињата почувствувале слично незадоволство.

„Заклучивме дека децата и пред пубертетот не се задоволни од сопствениот изглед, а тоа го поврзуваме со хормоните што се менуваат пред влегувањето во пубертет“, вели докторката Елизабет Хјуз, авторка на истражувањето.

Таа ги советува родителите почесто да им кажуваат на децата дека се прекрасни такви какви што се и да борат заедно со нив против општествените притисоци и влијанија за „нормите“ за убавина.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе