Авто новости

Кои автомобили најдобро држат цена, а на кои најмногу им паѓа вредноста?

9. ноември 2019 - 16:49 | А.С.

Најнова анализа на пазарот на автомобили покажа на кои модели најмногу им паѓа цената во првите пет години.

Порталот iSeeCars анализираше повеќе од 7,7 милиони нови и половни возила за да ги утврди трендовите.

Автомобил кој најмногу губи на вредност после пет години е Maserati Quattroporte – дури 72,2% од почетните 86.570 евра.

Следи BMW Series 7 со 71,3%, па двата електрични модели Nissan LEAF со 71% и BMW i3 со 70,93%.

Во првите 10 се вбројуваат уште и BMW Series 5, Ford Fusion/Mondeo, BMW Series 6, Jaguar XJL и Chevrolet Volt, сите со губиток на цената над 68% од почетната вредност.

Кога станува збор за одржување на вредноста, се истакнуваат јапонските и пикап возилата: Suparu Impreza WRX, Nissan Frontier и GTR-R, Honda Ridgeline, Toyota 4Runner и Tacoma, а меѓу нив се најде и Porsche 911.

Меѓутоа, најмалку на вредност после пет години губи легендарниот Jeep Wrangler. Во стандардната верзија 31,5% од цената, а уште помалку Wrangler Unlimited - 30%.

На листата најдобри возила за препродавање се најдоа и : Honda CR-V, Mercedes G-klasa, Toyota Land Cruiser и Subaru Outback.

Во поглед на брендови, најмалку на вредност, во рпосек, губат возилата на Honda, Jeep, Ram и Toyota, а најмногу Lincoln, Cadillac, BMW и Maserati.

Коментирај