Филм & ТВ

Кои филмови да ги гледате на Netflix овој продолжен викенд?

9. октомври 2019 - 20:12 | АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА

Продолжениот викенд е идеална прилика да се опуштите во удобноста на вашиот дом и да ги погледнете новите наслови достапни на Netflix, меѓу кои и премиерата на новиот „Breaking Bad“ филм.

Кога заврши популарната серија „Breaking Bad“ на AMC во 2013 година, ликот на Џеси Пинкман „одјава“ кон зајдисонцето откако беше ослободен од неонацистички нарко картел. Снимањето на филмот се чуваше во најголема тајност.

Во трејлерот за „El Camino: A Breaking Bad Movie“ што го објави Netflix, го видовме Џеси (Арон Пол) како се препотува додека слуша на радио дека полицијата е во потрага по осомничен за крвопролевањето што следеше откако Волтер Вајт го спаси Џеси.

„El Camino: A Breaking Bad Movie“ ќе има премиера на 11 октомври на Netflix и во кината во 68 градови, пред да се емитува на оригиналната ТВ-мрежа AMC во почетокот на 2020.

Покрај овој филм, викендов погледнете ги и:

На 11 октомври

The Forest of Love

Fractured

Сем Вортингтон (Avatar) ја игра главната улога во новиот акционен трилер „Fractured“. Реј Монро (Вортингтон) и неговата сопруга Џоен (Лили Рејб) ќе ја однесат ќерката во болница откако девојчето ќе биде повредено во несреќа. Жената и детето исчезнуваат во болницата, а Реј тргнува во очајничка потрага по нив додека мистеријата околу нивното исчезнување станува сѐ позамрсена.

The Influence

The Awakenings of Motti Wolkenbruch

На 12 октомври

Banlieusards

Коментирај