Здравје

Кои опасности постојат од мешањето на лекови?

12. ноември 2019 - 20:36 | Б.С.Б.

Во најновото видео на TED-Ed е дадено научно објаснување за опасностите кои постојат од мешањето на лекови во интеракција со други супстанци, што може да доведе до опасни здравствени компликации.

Кое од следните однесувања е опасно: моментот кога некоја личност пие лек за холестерол со сок од грејпфрут? Или кога некоја личност зема ацетаминофен пред да пие алкохолни пијалаци? Или личност која пие аспирин за болка?

Сите тројца ризикуваат да добијат здравствени компликации како резултат од интеракцијата меѓу лекот и течностите што ги внесуваат.

Селин Валери во интересно анимирано видео објаснува која е опасноста од мешањето на различни супстанци во организмот.

Коментирај