Кои се четирите најпопуларни модели на очила за сонце оваа сезона?

Добар пар очила за сонце и високи потпетици може да ја преобразат речиси секоја комбинација, изјави во една прилика дизајнерката Викторија Бекам и таа изјава ќе влезе во историјата на стилот.

Оваа есен, модните дизајнери ја насочија креативната фантазија токму на очилата за сонце како фокусна точка на целосниот изглед.

Како трендови се издвојуваат овие четири модели на очила за сонце што ќе ја збогатат вашата модна комбинација и ќе направат да се издвоите од толпата.

Ако направите комбинација од два модели во еден, тогаш веќе се издвојувате во категоријата жени со стил кои вешто ги следат трендовите.

Правоаголни рамки

Овој ретро модел што го популаризираше Софија Лорен во 70-тите ќе им ја даде потребната доза на холивудски гламур и на наједноставните модни комбинации. Женствени и елегантни, гломазните правоаголни очила за сонце прилегаат на речиси секој облик на лице.

 

Рамки со животински дезен

Животинскиот дезен е голем хит оваа сезона за сите модни парчиња, а очилата за сонце не се исклучок. Изберете го вашиот омилен дезен – леопард точки, тигрести пруги, змиска шара... и блеснете во секоја прилика. Ако на тоа додадете и форма на „мачкини очи“ на рамката, имате полн погодок.

Обоени стакла

Овој тренд е идеален за љубителите на футуристичкиот изглед, но секој може да се обиде да го износи со вистинската нијанса на бојата на стаклото.

Бели рамки

Трендот од ова лето продолжува. Белата боја веќе не е карактеристична само за летната сезона. Одберете и наједноставна комбинација и со очила за сонце со бели рамки сигурно ќе бидете забележани.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе