Мобилни

Кои се десетте најпопуларни мобилни апликации за 2016?

5. јануари 2017 - 10:25 | Д.Л.

Истражаувачката компанија Nielsen ја објави листата на најпопуларните апликации во 2016 година.

 
На првите две места на листата се Facebook и Messenger - две апликации кои многу пати беа поврзувани со загрозување на приватноста на нивните корисници, но и двете докажано ја оптеретуваат батеријата на телефонот.

Со 146 милиони корисници месечно, Facebook напредуваше за 14% во однос на 2015, додека Messenger напредуваше за речиси третина и го користат 130 милиони корисници.

На листата на најпопуларните следат YouTube, Google Maps, Google Search, Google Play, GMail, Instagram, Apple Music и Amazon App.

Twitter не успеа да се најде во привите десет.

Коментирај