Според новата мапа дизајнирана за патување Либија, Авганистан, Сирија и Сомалија се меѓу најопасните места во светот.
Интерактивната Travel Risk Map за 2019 година ги открива најбезбедните и најопасните земји за патување кога станува збор за безбедноста на патиштата, безбедноста на луѓето и слични работи.
Земјите како Финска, Норвешка и Исланд се обележани како најбезбедни места. Кога станува збор за здравјето, најмалку безбедни земји се африканските како Јужен Судан, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сиера Леоне. Ирак е исто така обележан како земја со висок ризик кога станува збор за здравјето, заедно со либан, Венецуела и Северна Кореја.
За разлика од нив, земји со најнизок ризик по здравјето се европските држави, но и Канада, САД, Нова Зеланд и Јапонија.
Кога станува збор за Македонија, рангирани сме како земја од среден ризик кога станува збор за медицински, здравствен ризик, низок ризик кога станува збор за безбедноста при патување и низок степен за безбедност на патиштата.